Големата мајка
Рачна изработка споед археолошки мотив. Теракот, изработена од специјална смеса на глина, печена и обликувана.
Димензии: Мала-10х6х6 см, 0,130 кгр Средна-16-10-10 см, 0,400 кгр Голема-23х12х12 см, 0,950 кгр.
Големата мајка божица на плодноста во улога на семејно светилиште кое го чува мирот во домот, претставена е како заштитничка на домот и семејството и како мајка хранителка.
Големата мајка, единствена и специфична е за регионот на Скопје каде е пронајдена.
Скопско во минатото сосвојата климатска и еколошка поставеност овозможило повеќе милениуско човечко дејание низ неолитската епоха.
Неолитскиот локалитет Тумба Маџари , скопско.
Почетокот на населбата е втемелен пред 8000 година, те во раниот неолит, интезивно се развива низ среден и згаснува во доцниот неолит, пред 4000 години.