Икона Св Ѓеорѓија

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Икона Св Ѓеорѓија
w
     Икона Св Ѓеорѓија, тема од народното творештво.
     Темата е изработена со пирографија односно пирографска техника, со горење се исцртува саканата тема на материјалот, дрво. Рачна изработка, уникатен примеок. Димензии- мала 16х21см. голема 20х30 см 
     Св. Ѓеорѓиј, е роден во Кападокија. Ѓеорѓија служел при царот Диоклецијан. Кога овој цар започнал гонење на христијаните, Ѓеорѓија одважно изјавил дека е христијанин, поради што царот наредил да го врзат на тркало под кое имало штици со големи клинци и така го вртеле. По ова го закопале во ров, така што надвор од земјата му била само главата и го оставиле во ровот три дена и три ноќи. Но при сите овие маки Ѓеорѓија непрестајно го молел Бога.Бог го исцелувал и на големо одушевување на народот, го спасил својот маченик од смртта.
      Кога Св. Ѓеорѓија воскреснал , тогаш многумина ја примиле верата во Христа. Меѓу овие биле и царевата жена Александра. Најпосле царот ги осудил Свети Ѓеорѓија и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивнала на губилиштето пред да ја убијат, а Свети Ѓеорѓиј го убиле во 303 година.
      Безбројни се чудата што се јавиле на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина коишто го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денешен ден. Господ го наградил со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. Го дарувал со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име во бедите и неволјите
  Цена 800,00 ден.
Производот има повеќе можности за избор и можете да го нарачате во некоја од следниве варијанти: големина
Instagram logo