Икона Св Петка

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Икона Св Петка
w
Икона Св Петка, тема од народното творештво.
    
Темата е изработена со пирографија односно пирографска техника, со горење се исцртува саканата тема на материјалот, дрво.
      Рачна изработка, уникатен примеок. 
     Св. Петка (позната и како Св. Параскева) била родена од христијански родители и уште од млади години била воспитувана во духот на христијанството. Родителите и  починале кога таа имала 20 години. Како единствено дете наследник на семејниот имот, таа имотот го поделила меѓу сиромашните и се замонашила, проповедајќи го христијанството.
      Параскева остатокот од својот живот го поминала подучувајќи ги луѓето на христијанската вера. Поради својата елоквентност, моќ на убедување и убавина, таа привлекла многу внимание и во неколку наврати била изнесувана на суд пред властите. Многу пати била измачувана и секогаш на некој чуден начин останувала неповредена се додека не и ја отсекле главата.
      По нејзината смрт биле забележани бројни чуда. Култот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води. Нејзиното име се слави и во останатите земји на Балканот.
       Празникот Св. Петка се празнува на 26 јули по стариот т.е. на 8 август по новиот календар.
  Цена 800,00 ден.
Производот има повеќе можности за избор и можете да го нарачате во некоја од следниве варијанти: големина
Instagram logo