Пеперутка тип 1, тема од народното творештво.
Темата е изработена со филигранска техника со употреба на сребро односно сребрена жица.
Рачна изработка, уникатен примерок. Димензии- 4,5х3см
Составен дел на народните носии се украсите, а во зависност од облеката и пригодата такви биле и украсите. Tиe се изработувале во форма на крст, разни медаљони, брошеви, обетки, мангура и сл.
Пеперутката е една од најстарите мотиви во народното творештво употребена како украс.
Таа е симбол на разиграноста, распеаноста и богатството на животот и симболички го преставува животот разигран исто како нејзиниот прекрасен, грациозен и лесен лет.
Во изработката на експонатите, покрај моментот на автентичноста, присутна е и креативноста на авторот во преточувањето на откриениете артефакти.