Зелникарка

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Зелникарка
w
     Зелникарка, тема од народното творештво.
     Темата е изработена на бакарна фолија и поставена на дрвена основа.
     Рачна изработка, уникатен примеок. Димензии 30х23х3см, тежина до 0,9кг
 
     Сликите се автентични и го претставувал народот, неговиот национален идентитет, навиките, обичаите, неговиот живот. Преку ликовите во сликите, всушност се пренсува добродушноста и племенитата душа на народниот човек. 
      Познато е дека народот низ песната и играта ги изразувал своите убави и тажни моменти.Така народниот фолклор е претставен преку машки ликови како изведувачи на народни инструменти па така се израборуваат слики со разни теми од животот како тапанџија, гајдаџија, зурлаџија  итн.
     Преку женските ликови визуелно се прикажува нашата Македонска жена низ вековите како вредна, работлива домаќинка, посветена на домот. Во народното творештво може да се најде слика на жена која меси, жена која готви, жена ткаачка, мома на кладенец, жена бутинарка, жена како преде, жена со стомни вода итн
         Во изработката на експонатите, слики на бакар, покрај моментот на автентичноста присутна е и креативноста на авторот во преточувањето на откриениете артефакти.
  Цена 1.800,00 ден.
Instagram logo