Св Кирил и Методи

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Св Кирил и Методи
w
 Св Кирил и Методи 2314
Икона униактна и рачно изработена. 
     Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.
Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го создале и првото писмо, азбуката и ги поставиле правилата за пишување. 
      И прво нешто што напишале со новите букви било Евангелието. Тие го превеле Светото писмо на мајчин јазик, на старомакедонскиот словенски јазик со македонско наречје. А по Библијата, ги превеле и богослужбените книги, за да воведат богослужби на словенски јазик и да го зајакнуваат народниот дух на словенскиот род.
    Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите. 
     Во Рим браќата биле примени од Папата Адријан II поради мудроста и пожртвуваноста на Константин и Методиј и поради нивната мисија за ширење на Христијанството. Преводот на Библијата бил осветен од Папата кој дозволил во Велика Моравија и Панонија да се богослужбува на словенски јазик. 
    Заеднички празник е на 24/11 мај, по новиот односно стариот календар.
Материјал:изработена и насликана на дрво,обработеа и заштитена од атмосверски влијанија и други штеточини.
Димензии: 22х30 см, 0,6 кг. 
Друго:спакувана со сертификат, македонски и англсики, залепен од задната страна на сликата.

 

 

w w w   Цена 1.400,00 ден.
Instagram logo