Почетна : Детали за производот
Детали за производот - Пеперутка АНАСТАСИЈА 008
|
|
Пеперутка АНАСТАСИЈА 008.
Темата е изработена со филигранска техника со употреба на срма конец во боја и поставена во засткалена дрвена рамка.
Рачна изработка, уникатен примерок.
Составен дел на народните носии се украсите, а во зависност од облеката и пригодата такви биле и украсите. Tиe се изработувале во форма на крст, разни медаљони, брошеви, обетки, мангура и сл.
Пеперутката е една од најстарите мотиви во народното творештво употребена како украс.
Таа е симбол на разиграноста, распеаноста и богатството на животот и симболички го преставува животот разигран исто како нејзиниот прекрасен, грациозен и лесен лет.
Во изработката на експонатите, покрај моментот на автентичноста, присутна е и креативноста на авторот во преточувањето на откриениете артефакти на подрачјето на нашата земја.
ДРУГО:
-Димензии- 44х36х3 см, 1 кгр
-спакувана во картонска кутија
-сертификат на македонси и англиски
|
|
|
|
Цена
3.500,00
ден.
|
|
|
|