ЛЕТКА.
Колекција филигрански накит. Обетки, привезок и прстен.
Рачна изработка. Накитот е изработен со филигранска техника со употреба на сребро односно сребрена жица.
Пеперутката е една од најстарите мотиви во народното творештво употребена како украс.
Таа е симбол на разиграноста, распеаноста и богатството на животот и симболички го преставува животот разигран исто како нејзиниот прекрасен, грациозен и лесен лет.
Составен дел на народните носии се украсите, а во зависност од облеката и пригодата такви биле и украсите. Tиe се изработувале во форма на крст, разни медаљони, брошеви, обетки, мангура и сл.
Во изработката на експонатите, покрај моментот на автентичноста, присутна е и креативноста на авторот во преточувањето на откриениете артефакти.
При нарачката изберете
-производ
-тип
Димензии- 3х2,5 см