Пеперутка Црвена 003, тема од народното творештво.
Темата е изработена со филигранска техника со употреба на срма конец во боја и поставена во засткалена дрвена рамка.
Рачна изработка, уникатен примеок. Димензии- мала 17х20х1,5 см, 0,5кгр -средна 27х22х1,5 см 0,6кгр
Составен дел на народните носии се украсите, а во зависност од облеката и пригодата такви биле и украсите. Tиe се изработувале во форма на крст, разни медаљони, брошеви, обетки, мангура и сл.
Пеперутката е една од најстарите мотиви во народното творештво употребена како украс.
Таа е симбол на разиграноста, распеаноста и богатството на животот и симболички го преставува животот разигран исто како нејзиниот прекрасен, грациозен и лесен лет.
Во изработката на експонатите, покрај моментот на автентичноста, присутна е и креативноста на авторот во преточувањето на откриениете артефакти на подрачјето на нашата земја.