Симбол на сонцето 2208

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Симбол на сонцето 2208
w

Македонско Сонце 2208

       Тема од антиката
       Рачна изработка , уникатен примерок. Темата е изработена на месинг фолија поставена во дрвена застаклена рамка.
Димензии 22х22 см, 0,600 кг
       Кај античките Македонци сончевата розета е еден од најчестите симболи. Најран досега пронајден приказ на сончевата розета е на една бронзена дијадема од IX век п.н.е, најдена во некрополата во Вергина (Кутлеш). Таа најчесто е преставена на македонскиот штит, честопати придружена со звезди или полумесечина, и била користена од народите кои живееле по средното течение на реката Вардар во некогашна Пајонија.
     Тоа е одраз на култот на Сонцето и ја симболизира бесмртноста , т.е. вечното раѓање. Античките Македонски војници го имале овој симбол на своите штитови и се верувало дека симболот на Сонцето дава моќ и победа на тој што го носи.
     Задржувањето на култот на Сонцето се до крајот на антиката е специфичност на македонската религија , така што сончевата розета со право се вбројува во македонските симболи.
w w   Цена 2.550,00 ден.
Instagram logo