Пеперутка брош тип 2 во ковчеже, тема од народното творештво.
Темата е изработена со филигранска техника со употреба на сребро односно сребрена жица.
Рачна изработка, уникатен примерок. Димензии- 5,5х4см
Составен дел на народните носии се украсите, а во зависност од облеката и пригодата такви биле и украсите. Tиe се изработувале во форма на крст, разни медаљони, брошеви, обетки, мангура и сл.
Пеперутката е една од најстарите мотиви во народното творештво употребена како украс. Таа е симбол на разиграноста, распеаноста и богатството на животот и симболички го преставува животот разигран исто како нејзиниот прекрасен, грациозен и лесен лет.
Во изработката на експонатите, покрај моментот на автентичноста, присутна е и креативноста на авторот во преточувањето на откриениете артефакти на подрачјето на нашата земја.
Сандачето е изработено од квалитетно дрво и украсено со месингани окови по урнек на ковчезите на античките македонски кралеви во кои го чувале богатството. Димензии 8,5х6х5 см Сандачето е изработено од квалитетно дрво и украсено со месингани окови по уренк на ковчезите на античките македонски кралеви во кои го чувале богатството. Единствено и уникатно, рачна изработка. Димензии 8,5х6х5 см.