Икона Св Петка

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Икона Св Петка
w
Икона Св Петка
   Tема од народното творештво.
   Рачна изработка,мозаик, уникатен примерок.  Димензии 20х25 см, тежина 0,470 кг.  
   Темата е изработена во комбинирана техника на дрвена подлога врз која е лепен метал (железо, бакар, месинг и калајна бронза) , монистра, восочна боја нанесена со топење и сето тоа заштитено со епоксидна двокомпонентна смола.
   Св. Петка (позната и како Св. Параскева) е родена во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ биле богати христијани, а освен Петка имале и еден син, Ефтимиј. 
     По смртта на родителите девицата Петка отишла најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што останала до својата старост. Нејзиниот долг пустински живот во молитва и пост може да биде спореден со 40 дневницата која што Исус ја спроведил во пустина.
      На старост ѝ се јавил анѓел и ѝ рекол: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послушала небесниот глас, се вратила во Епиват. Тука таа поживеала уште две години. Нејзиниот празник се слави на 14 Октомври.Нејзините чудотворни мошти низ вековите биле пренесувани: во Цариград, во Велико Трново (Бугариjа), па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија , во градот Јаши. Во Белград постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што и притекнуваат со вера кон светителката.
w w   Цена 3.700,00 ден.
Instagram logo