Сонце

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Сонце
w
Сонце
   Симбол од IX век п.н.е.
    Рачна изработка,мозаик, уникатен примерок.  Димензии 20х20 см, тежина 0,420 кг.  Темата е изработена во комбинирана техника на дрвена подлога врз која е лепен метал (железо, бакар, месинг и калајна бронза) , монистра, восочна боја нанесена со топење и сето тоа заштитено со епоксидна двокомпонентна смола.
     Кај античките Македонци сончевата розета е еден од најчестите симболи. Најран досега пронајден приказ на сончевата розета е на една бронзена дијадема од IX век п.н.е, најдена во некрополата во Вергина (Кутлеш). Таа најчесто е преставена на македонскиот штит, честопати придружена со звезди или полумесечина, и била користена од народите кои живееле по средното течение на реката Вардар во некогашна Пајонија. 
     Тоа е одраз на култот на Сонцето и ја симболизира бесмртноста , т.е. вечното раѓање. Македонските војници го имале овој симбол на своите штитови и се верувало дека симболот на Сонцето дава моќ и победа на тој што го носи. 
    Задржувањето на култот на Сонцето се до крајот на антиката е специфичност на македонската религија , така што сончевата розета со право се вбројува во македонските симболи
w w w   Цена 2.700,00 ден.
Instagram logo