Галичка пафта

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Галичка пафта
w
      Галичка пафтаПРОДАДЕНО!
тема од народното творештво, украс кој се носел како дел од невестинската носија.
     Темата е изработена на бакарна фолија и поставена на дрвена основа. 
     Рачна изработка, уникатен примеок. Димензии 32х17х3см, тежина до 0,9кг   
 
     Составен дел на народните носии се украсите, а во зависност од облеката и пригодата такви биле и украсите, кои се изработувале во форма на крст, разни медаљони, брошеви, обетки, мангура и сл. 
      Еден од повпечатливите украси била пафтата која се носела на појасот на носијата како негов главен дел, а се изработувале пафти за невести, пафти за празници, пафти за секој ден исл. Пафтите потекнуваат од 18 век. 
     Пафтите или токите имаат различна фома, најчесто се задржала кружаната фома, листовидна, испапчена и сл. 
     Во зависност од кој крај потекнуваат разликуваме Галичка, Охридска, Скопска, Крушевска итн. 
     Во изработката на експонатите, слики на бакар, покрај моментот на автентичноста присутна е и креативноста на авторот во преточувањето на откриениете артефакти.

 

w w w w   Цена 2.100,00 ден.
Instagram logo