Антички шлем тип 2

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Антички шлем тип 2
w
 Антички шлем тип 2
ПО НАРАЧКА!
    Тема од антиката  
    Темата е изработена од бакарен плех, рачно кован, составуван и украсуван со месингани обележја .
    Рачна изработка , уникатен примерок.  Димензии 16х11 см, тежина 0,18 кг. 
    Употребата на шлемот била позната уште од длабоката антика. Тој се употребувал првенствено за заштита на главата од удари а исто така и за истакнување на војсководците од повисок ранг. 
    Шлемот се користел уште од стариот Египет,Асирците, старите Хелени, Македонската фаланга и од многу други антички народи.      
     На почетокот биле изработувани од кожа или цврсти ткаенини.Овие шлемови покасно биле зајакнати со метални плочки, а со развој и обработката на металите , подоцна биле изработувани од ковано железо или друг вид обработка и биле украсувани со разни обележја. 
      Во изработката на експонатите, покрај моментот на автентичноста присутна е и креативноста на авторот во преточувањето на откриените артефакти.

 

w w w   Цена 3.500,00 ден.
Instagram logo