Носија женска тип 1

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Носија женска тип 1
w

      Носија женска тип 1-  тема од народното творештво. 

     Темата е изработена со филигранска техника со употреба на срма конец во боја и поставена во засткалена дрвена рамка.
     Рачна изработка, уникатен примерок. Димензии- мала 17х20х1,5 см, 0,3кгр -средна 27х22х1,5 см, 0,4кгр-голема 33х27х1,5 см, 0,6кгр   
      Народните носии се еден од највпечатливите елементи на македонската фолколорна традиција. Тие се израз на практичните потреби, но и длабоките инспирации на Македонецот во создавањео на сопствената култура.
     Народниот вез, исто така, е значаен сегмент од големото културно наследство на македонскиот народ. Изработуван од македонската жена-везачка, тој во себе ги содржи духовните и естетските сваќања доминантни за овие простори.
     По својата декоративност и богати украси посебно се издвојува невестинската носија.
     Еден од повпечатливите украси била пафтата која се носела на појасот на носијата како негов главен дел, се изработувале пафти за невести , пафти за празници, пафти за секој ден итн.
     Во изработката на експонатите, слики на народни носии, покрај моментот на автентичноста присутна е и креативноста на авторот во преточувањето на откриените артефакти на подрачјето на нашата земја
w w   Цена 1.500,00 ден.
Instagram logo