Македонски антички штит на бесмртноста

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Македонски антички штит на бесмртноста
w
 Македонски антички штит на вечност   ПРОДАДЕНО!
       Тема од антиката
       Рачна изработка , уникатен примерок. Темата е изработена на бакарна фолија поставена на дрвена основа. Димензии 20х15 см, 0,390 кг     
      Првобитниот антички македонски штит бил изработен од дрво, кожа и малку метал, како и бројни заковани метални клинови, за да подоцна биде изработен од метал за подобра заштита односно одбрана од непријателот.  
     Кај античките Македонци сончевата розета е еден од најчестите симболи. Најран доесга пронајден приказ на сончевата розета е на една бронзена дијадема од IX век п.н.е, најдена во некрополата во Вергина (Куклиш). Таа најчесто е преставена на македонскиот штит, честопати придружена со звезди или полумесечина, и била користена од народите кои живееле по средното течение на реката Вардар во некогашна Пајонија.  
     Тоа е одраз на култот на Сонцето и ја симболизира бесмртноста , т.е. вечното раѓање. Македонските војници го имале овој симбол на своите штитови и се верувало дека симболот на Сонцето дава моќ и победа на тој што го носи.
     Задржувањето на култот на Сонцето се до крајот на антиката е специфичност на македонската религија , така што сончевата розета со право се вбројува во македонските симболи.
w w   Цена 1.600,00 ден.
Instagram logo