Раката на Св Ѓорѓи победоносец

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Раката на Св Ѓорѓи победоносец
w
       Раката на Св. Ѓорѓи победоносецот ПРОДАДЕНО!
      Тема од народното творештво 
      Рачна изработка, уникатен примерок. Темата е изработена од бакарна фолија поствена на дрвена основа. Димензии 13х20 см, 0,260 кгр
      Раката на св Ѓорѓи победонсоецот, пронајдена во манастир Рајчица , Дебар, РМ. 
      Св Ѓорѓи е роден во Кападокија. Св Ѓорѓи служел при царот Диоклецијан. Кога овој цар започнал гонење на христијаните,Св Ѓорѓи одважно изјавил дека е христијанин, поради што бил измачуван. Но при сите овие маки Св Ѓорѓи непрестајно го молел Бога. Бог го исцелувал и на големо одушевување на народот, го спасил својот маченик од смртта.
      Кога Св. Ѓорѓи воскреснал , тогаш многумина ја примиле верата во Христа. Меѓу овие биле и царевата жена Александра. Најпосле царот ги осудил Св Ѓорѓи и својата жена Александра на смрт со меч. Блажената Александра издивнала на губилиштето пред да ја убијат, а  Св Ѓорѓи го убиле во 303 година.
      Безбројни се чудата што се јавиле на неговиот гроб.  Господ го наградил со венец на невенлива слава на небото и на земјата и со живот вечен во Своето Царство. Го дарувал со сила и власт да им помага на оние што го слават и призиваат неговото име.
      Во изработката на експонатите , покрај моментот на автентичноста , присутна е и креативноста на авторот во преточувањето на откриените артефакти
w w w   Цена 1.500,00 ден.
Instagram logo