Гривна тип 5, тема од народното творештво.
Темата е изработена со филигранска техника со употреба на сребро односно сребрена жица.
Рачна изработка, уникатен примерок. Димензии- должина 19см, ширина 2см.
Составен дел на народните носии се украсите, а во зависност од облеката и пригодата такви биле и украсите. Tиe се изработувале во форма на крст, разни медаљони, брошеви, обетки, мангура и сл.
Гривната како накит или украс била често користена. Се носела за свечени прилики а и секојдневно,
Во изработката на експонатите, покрај моментот на автентичноста, присутна е и креативноста на авторот во преточувањето на откриениете артефакти на подрачјето на нашата земја.