Обетки бисерни овални симетрични

Skip Navigation LinksПочетна : Детали за производот

Newsletter

Бидете навремено известени за сите промотивни понуди
Детали за производот - Обетки бисерни овални симетрични
w
       Обетки бисерни овални симетрични
       Охридски бисер, фамилија Филеви.
       Димензии ф 10х13 мм, 4 гр.
      Рачна изработка, уникатен примерок. Бисерот е направен со премаз од посебна смеса од крлушките на рибата плашка од охридслото езеро
      Во потрага по подобар живот во далечната 1921 година во Охрид се појавува еден човек кој дошол од Бајкалскиот регион во Русија. Во кафеаната Велика Србија во сопственост на фамилијата Филеви , тогаш Никола Филев, русинот се пртставил како Јово Шубановиќ и побарал работа, за да потоа остане и се здружи со синот на Никола, Михајло Филев.
      Така дружејќи се и шетајќи отишле кај рибарите на охриското езеро. Кога русинот ги видел рибите , плашките, му било јасно се.Тој живеел на бајкалското езеро и бил мајстор за изработка на бисер од рибини крлушки со посебна тајна технологија.
      Во охридското езеро исто така живее ендемската риба плашица и со отстранување на светлите крлушки може да се направи течна емулзија со која се премачкуваат перлите во слоеви , рачно со четка од природен материјал ,од влакно од верверица.
Па така како знак на благодарност за гостопримството и пријателството русинот Јово , на фамилијата Филеви, им ја остава тајната за изработка на охридскиот бисер.
      Повеќе од 80 години семејството Филеви го изработува охридскиот бисер и како традиција се пренесува од колено на колено на помладите генерации, а воедно прерасна како бренд на културата на Реублика Македонија и на градот Охрид.

 

  Цена: 19,46 $
         
comments powered by Disqus
comments powered by Disqus