Услуги

Skip Navigation LinksПочетна : Услуги

Наша желба
     Наша желба e на овој виртуелен простор и време да Ви ги доловиме, обединиме и презентираме на едно место и во еден миг сите креативни остварувања и врвни производи на човековиот ум, проникнати длабоко од душата, инспирирани од животот, а расфрлани низ векови и простор.
     Секој од производите е уникатен, фасцинира со бои и форми, а сам по себе има единствена вредност. Во себе го содржат духот на времето во кое се создадени и носат приказна која го привлекува вниманието на сегашноста. Благодарение на врвните современи репродуктивни уметници, постигната е автентичност на периодот кога се создадени и предизвикуваат чувство како да сме дел од тоа време.
Техники на изработка
     Техниките со кои се изработени производите се изворни народни техники практикувани со генерации, како:
- копаничарство или резба во дрво каде темата се резбари длабоко во дрвото;
- теракот или изработка на производи со посебна технологија од специјална смеса од глина;
- срма или посебна и оригинална техника на изработка на слики од срма конец кои фасцинираат со своите бои и форми;
- филигрански производи рачно изработени предмети од сребрена жица или сребрен материјал, која остава силен впечаток со својата прецизност умешност;
- техника бакар на дрво, каде темата е изработена на бакарна фолија и истата е аплицирана на дрво;
- кукли облечени во народни носии со природни материјали кои се користеле за изработка на оригиналните носии и други.
Ваши нарачки
      Покрај купување на претставените производи групирани по нивната техника на изработка, постои можност за нарачки по Ваша желба. Имено доколку имате одредана тема, слика која сакате да биде изработена со една од наведните техники, ние ќе го направиме тоа за Вас. Ќе добиете несомнено трајно дело, онакво какво Вие го посакувате.
      За да можеме да го изработиме тоа што го барате, потребно е само да ја изберете техниката и да ни доставите слика или тема на она што сакате да биде изработено. За таа цел контактирајте не на: contact@kulturnariznica.mk