За нас

Skip Navigation LinksПочетна : За нас
Мисија
    
 
Прифаќањето на културата е претпоставка за еманципација на човекот и заедниците, но и услов за опстанок на уметноста и за културен развој.
Промовирајќи ја културата на народите го  користиме културното богатство како ресурс за подобрување на меѓуетничкото разбирање, развој на заедниците и зближување на народите.
Веруваме дека културата ги ангажира и инспирира луѓето да ги надминеме границите. Моќта за поврзување на културата е од суштинско значење за создавање отворено, инклузивно и демократско општество и како таква е од непорценлива важност за изградба на светот.
Визија
    Визијата е демократско општество во кое дијалогот е секојдневна алатка за разрешување на недоразбирањата(конфликтите) помеѓу поединци и групи. Да изградиме општество во кое мирот, мултиетничката кохезија, равноправноста и толеранцијата ќе претставуваат основни вредности.
   Наша мисија е да го поттикнеме луѓето да го променат начинот на кој работи глобалната економија. Можеме да го видиме светот во кој голем број мали бизниси, занаети, имаат повеќе влијание во обликување на просперитетни локални економии. Се носиме со срцето да овие економии го направат светот повеќе фер, одржлив и позабавен.
    Како прв чекор од оваа мисија е идејата за нашата веб локација наречена www.kulturnariznica.mk која е подржана од Министерството за култура на Република Македонија, како проект од јавен интерес. Така со примена на современите информатички технолигии, пред се интернетот, сите овие културни вредности се достапни до секого и секаде ширум светот.
      Заради оствруање на мисијата и целите планирани се следниве тековни активности

 -претставување на културата на народите на РМ и пошироко преку рачните изработки и копии од познти артефакти како дел од културното богатство,

-стимулирање на ракотворците и занаечиите за задржување и унапредување на традиционалните начини и занати на изработка

-организирање семинари, тематски изложби, предавања со цел афирмирање, промоција и зголемување на интерестот за културните вредности

-издавање разни публикации со тема од Мисијата на КР

-организирање излети и посети на познати културни и други локалитети и манифестации во републиката и надвор од неа

-здружување и соработка со други организации со цел заедничка реализација на целите и задачите.

 
      Нашата инвентивност ја гледаме во обеднинувањето на презентцијата на едно место на голем број креации на ракотворци и израборувачи на копии од артефакти. На оние што сакаат да ја подржат оваа мисија им овозможивме брз пристап и преглед до содржините на сајтот каде ќе најдат голем број производи.
Бидете дел од времето и традицијата
     Бидете дел од времето и традицијата, дозволете си избор на производ за Вас, за Вашите блиски, за Вашите деловни партнери, за датуми што Ви значат, како и за секој обичен ден. Секој од производите е уникатен, фасцинира со бои и форми а сам по себе има единстсвена вредност, а во себе го содржат духот на времето во кое се создадени и носат приказна која го привлекува вниманието на сегашноста.